МОН и УКИМ договорија средба за следниот вторник

Откако, Министерството за образование и наука предложи на 10 февруари (вторник) да се одржи иницијална средба на којашто би присуствувале соодветни претставници, делегирани од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, УКИМ упати писмо до министерот Абдилаќим Адеми во кое го прифаќа предлогот.

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, претходно му предложи на МОН во најкус можен рок да иницира сеопфатна расправа од која би произлегле измени на тековниот или предлог за нов закон за високо образование, а МОН одговори дека предлогот е конструктивен и е во насока на унапредување на високото образование во земјата.

Како што пишува во писмото упатено до министерот, потпишано од ректорот Велимир Стојковски, местото и терминот за средбата ќе бидат дополнително договорени.