Мобилната апликација за фотографии Camu достапна и на Android

Мобилните апликации за фотографирање често прво се пуштат на iOS пред да се префрлат на Android или на некои други платформи.

Camu, популарна iOS апликација на Sumoing чија целна група се луѓе заинтересирани за социјално споделување на фотографии, прво беше пуштена за iPhone, а сега веќе е достапна и за Android. Го нуди истиот пакет на алатки за уредување и филтри за фотографии и видео клипови. Исто така, ја има опцијата да се задржат или избришат фотографиите споделени меѓу корисниците.

Апликацијата и на двете платформи овозможува приспособување на светлината, ефектите, способноста да се примени текст на сликата како и многу други опции.

Camu е сега достапна на Google Play Store и работи со Android 4.0 или некоја друга понова верзија.

Извор: thenextweb.com