Моби најави нов албум

Преку кратко видео, американскиот музичар Моби најави нов албум кој се очекува да биде завршен следниот месец.

По објавувањето на неговите мемоари насловени „Porcelain“, продуцентот сподели видео проследено со текст „дебитантски албум пристигнува наскоро“, така што so неговата порака го најави неговиот проект Moby & The Void Pacific Choir.

Видеото го прикажува Моби како со микрофон во рака минува низ приградските улици и шума, а потоа вели „овие системи пропаѓаат“. По ова, во видеото се прикажуваат инсерти од „Црниот петок“, „Џери Спрингер шоу“, Доналд Трамп, Чернобил и уништена природа.

„Музиката во албумот е еден нов бран на денс музика. Инспирирана е од Њу Ордер и Депеш Мод, но електронски насочена. Немам идеја дали е добра“, изјави Моби.

Во продолжение, погледнете ја неговата видеонајава: