МНР објави телефонски броеви на кои може да се обратат македонските државјани во Италија

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги извести сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим, Италијанска Република, како и во Министерството за надворешни работи.

Лица за контакт:

Амбасада на Rепублика Македонија во Рим:

Емилија Николовска

Мобилен телефон: 00393889050310

Семра Рамадани Алими

Мобилен телефон: 00393485273136

Адреса: Via Bruxelles 73/75, 00198 Rome

Е-пошта: rome@mfa.gov.mk

Министерство за надворешни работи:

Силвана Ивановска

Мобилен телефон: +38972 239 052

Е-пошта: silvana.ivanovska@mfa.gov.mk

Минатата вечер во централниот дел на Италија беа почувствувани серија земјотреси. Првиот силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтерова скалa беше источно од Перуџа, на длабочина од девет километри под површината на земјата. Два часа по првиот земјотрес, на истото место имаше и втор со јачина од 6,1 степени.

Во земјотресот нема починати, а имало неколку повредени.