Многу жртви и исчезнати во лавина во Италија

Италијанските спасувачки служби соопштија дека има повеќе жртви откако хотел во бизина на планината Гран Сасо во италијанскиот регион Абруцо беше погоден од лавина, најверојатно предизвикана од земјотрес.

„Има многу жртви“, рекол Антонио Крочета, шефот на спасувачките служби, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Според нив, најмалку 20 туристи и 7 вработени се наоѓале во хотелот кога тој бил погоден од лавината која се случила вчера наутро и биле затрупани под снег и предмети повеќе од 24 часа.

Кровот делумно пропаднал и локалните жители ги предупредиле итните служби, но снежна бура која ги блокирала патиштата го отежнал пристапот до хотелот. Италијанските медиуми јавуваат дека првите спасувачки сили стигнале во хотелот околу 3 часот по полноќ.

Планинскиот регион во Централна Италија вчера беше погоден од четири последователни земјотреси, додека во текот на ноќта имало повеќе помали потреси.

Земјотресите следеа откако регионите Абруцо, Марче и Лацио беа зафатени неколку дена од големи снежни врнежи. Многу села останаа отсечени и службите за итна помош дури доцна во ноќта успеале да се пробијат до нив.

Засега е потврдена една жртва и еден исчезнат.

Истиот регион беше погоден од земјотрес на 24-ти август минатата година, кога имаше 298 жртви.