Младите од Тетово се вклучија во одбележувањето на V-Day

Младите од Тетово се вклучија во одбележувањето на V-Day

Младите од Тетово годинава за првпат се вклучија во V-DAY – глобалното активистичко движење за запирање на насилството врз жените и девојките. Вчера, 50-на волонтери одржаа перформанс со кореографија преку кој испратија силна порака за запирање на насилството врз жените. Исто така, на платото пред Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ млади музичари од градот, членови на медиа арт клубот на МОФ одржаа мал концерт.

Младите од Тетово се вклучија во одбележувањето на V-Day

Учесниците на перформансот со голема желба активно се подготвуваа изминативе две недели. Тетовци заинтересирано го проследија настапот, а активистите од граѓанските организации Младински образовен форум, ЛОЈА, Женски форум и ЛГБТ Јунајтед им ја објаснија целта на настанот, кој се одржува како дел од кампањата „One Billion Rising“.

Младите од Тетово се вклучија во одбележувањето на V-Day

Младите од Тетово се вклучија во одбележувањето на V-Day

Во продолжение може да го погледнете и видеото од настанот:

Текст и фотографии: Елена Мишевска, Бобан Костадиновски

Видео: Ханис Багашов