Младите и можностите за вработување во фокус на празникот на франкофонијата

Францускиот институт годинава ќе го одбележи Празникот на франкофонијата, 24 март, со фокус на францускиот јазик, младите и можноста за нивно вработување.

Со таа цел, Институтот организира регионален форум, кој има за цел да ги поврзе фирмите, институциите, универзитетите и училиштата во Македонија и во регионот.

Во продолжение, целосната агенда на настанот:

10:30 ч. – Отворање на форумот :
„Освен тоа, зборувам и француски! – Им даваме збор на младите”

11:00 ч. – Прва тркалезна маса :
„Францускиот јазик, неопходен за меѓународна кариера”

12:00 ч. – Говор на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и доделување на наградите од фото натпреварот

Најдобрите фотографии од натпреварот ќе бидат изложени во холот на Младинскиот културен центар.

12:30 ч. – Втора тркалезна маса :
„Познавањето на францускиот јазик како можност за работа на младите на Балканот“

13:30 ч. – Трета тркалезна маса :
„Франкофонски универзитетски обуки достапни во Европа“

14:30 ч. Коктел

15:30 ч. – Работилница : „Специјализиран француски јазик: како и зошто да се предава?”

20 ч – Концерт на францускиот поп изведувач Шарл Батист

По првиот албум издаден од Универсал и како соло изведувач кој отварал престижни концерти (Жилиет Греко, Бенабар, Големата Софи, Мишел Делпеш, Жак Ижлин и многу други …) Овој млад изведувач настапува на меѓународната сцена (Канада, Бирманија, Кореја, Кина, Монголија…) благодарение и на Француските институти и Алијанси, преку концерти, на кои изведува оригинални нумери и познати француски песн, како и Диџеј сетови 100% посветени на Француската поп сцена.

Бесплатни билети се резервираат на следниот мејл: culture@ifs.mk.

//