„Младите доаѓаат“, концерт на ученици со Македонската филхармонија

Утре (7 декември) во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт на кој учествуваат ученици од Државните музички училишта во Македонија.

Концертот носи наслов „Младите доаѓаат“, а зад диригентскиот пулт ќе застане маестро Фи Фи Ле.

На програмата се дела од Пучини, Виењавски, Шелохов, Менделсон, К.М. вон Вебер, Равел, Шостакович, Сен-Санс.

Како солисти ќе настапат ученици избрани по пат на аудиција: СањаДимова- солопеење(III средно),НаомиГеоргиевска – виолина (II средно),АлександарВитанов – труба(IIсредно),ИринаПавлова- виолина (IIIсредно),АнелСелим – кларинет(IV средно),ДаркоГроздановски- виолина(IV средно),АрдаМустафаоглу – пијано (Iсредно) иИвонаБазгалоска-пијано (IV средно), сите ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.