Милениумците се најнарцисистичката генерација досега, покажува истражување

Милениумците (децата родени меѓу 1980 и 1994 година) се најголеми нарциси, според истражување спроведено врз младите, но и врз нивните баби и дедовци.

Иако и помладите се согласни самите дека се нарциси, не се согласуваат со постарите за тоа колку се сакаат себеси. Постарите генерации сметаат дека нарцисизмот на милениумците е многу поголем од тоа што тие самите признаваат.

Џошуа Грабс, кандидат за докторат на клиничка психологија на Кејс Вестерн Резерв Универзитетот, ги прашувал милениумците и возрасните над 60 години, да ги подредат генерациите според нивото на нарцисизам.

Постарите им дале на милениумците оценка од 65,3 на скалило до 100 поени. Милениумците се оцениле сами со 61,4 поени.

Грабс дознал и дека на милениумците не им годи кога ги нарекуваат нарциси, иако признаваат дека ја поседуваат таа карактеристика.

Но, ваквата етикета, вели Грабс, можеби и не е добра работа.

„Со текот на времето, етикетата дека се „нарцисистични“ може да влијае на тоа како милениумците се чувствуваат, на нивното ментално здравје и нивните ставови за себе и генерално, за нивната генерација“.