Менсур Бојда дел од групната изложба „Let me go, Father“ во Њујорк

Македонскиот уметник Менсур Бојда учестува на уште една изложба во Њујорк, Америка. Се работи за групната изложба „Let me go, Father“ во њујоршката галерија „MC“, каде со свои дела од 17 до 25 февруари освен Бојда ќе се претстават уште 4 уметници – А.Џ. Спрингер, Лорен Голдстеин, Риjота Сато и Вестон Фрејзор.

„Политички структури како пол, културно присвојување, и двопартиска влада вршат притисок врз индивидуалецот за да прави системски маневр. Во филмот „Yojimbo(1961), режисерот Акира Куросава ја зема идејата за билатерални парадигми и тоа како индивидуалецот може да влијае на овие структури. „Let me go, Father“ (Пушти ме, татко) е воведната реченица од „Yojimbo“, која ја открива желбата на синот да избега од борбата меѓу две ривалски банди од неговиот мал град. Дејствувајќи како катализатор без мотив за успех на било која од двете страни, Санџуро ја изложува желбата за моќ и богатство  на обете банди. Но, откако ќе ги снема бандите и ресурсите што го монополизираа градот, Санџуро повторно е оставен без никаква цел, ништо освен сопственото постоење.

Постојат две обработки на „Yojimbo“ – „Fistful of dollars“ (1964) на Серџо Леоне и „Last Man Standing“ (1996) на режисерот Волтер Хил. Ваквата идеја на инспирирање и присвојување, стои во описот, влијаела и во делото на Менсур Војда.

„Човек оди на работ на етиката, во празнината меѓу алчноста и омразата. Преку употреба на комплементарни бои, повторувачки композиции и адаптација, Бојда гради доверба помеѓу секое парче да се овозможи паралела помеѓу секој филм“, се вели во описот на изложбата „Let me go, Father“.