Мемориска картичка од пола терабајт наскоро на пазарот

Компанијата „Интеграл Мемори“ направи микро СД картичка со капацитет од 512 гигабајти, која се очекува да стане новиот лидер на пазарот за пренослива меморија.

Претходниот рекорд го држеше компанијата СанДиск за картичката од 400 гигабајти, која со брзина од 100 мегабајти во секунда се уште е најбрза при читање и пренос на податоците.

Максималната брзина на читање на податоците од „Интеграл Мемори“ картичката од 512 гигабајти изнесува 80 мегабајти во секунда.

Минималната брзина на впишување е 10 мегабајти во секунда. Картичката ги задоволува В10 стандардите за видео, па може да се користи за камери кои снимаат ХД видео.

„Интеграл Мемори“ картичката ќе се појави на пазарот во февруари, но нејзината цена се уште не е позната.