Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци/Михајлово“

Наjновото издание на Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци/Михајлово“ се отвора денеска и ќе трае до 27 август. Колонијата се одржува во просториите на Хотелот „Уни Палас 2“ Кавадарци , а учествуваат над шеесет ликовни уметници од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Турција, Иран, Данска, Италија, Косово, Албанија, Црна Гора, Украина и Ерменија.

Колонијата ќе биде отворена со изложба на ликовниот уметник Марјана Костојчиновска Узунчева во Галеријата при домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. За време на одржувањето ќе бидат отворени уште две изложби. На 22 август во Музеј Галерија Кавадарци ќе се претстави ликовниот уметник Лаура Димитрова од Бугарија. На 25 август во галеријата при Дом на култура Кавадарци е најавена Меѓународна уметничка фотографска изложба во организација на познатиот албански фотограф Саимир Ахмети.

Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци/Михајлово 2017“ е посветена на познатиот кавадаречки и македонски ликовен уметник Ристо Соколов Сокол.