Меѓународен ликовен симпозиум „Струга 2016“

Струга ќе биде домаќина на 38 уметници од 22 земји кои ќе учествуваат на Меѓународниот ликовен симпозиум „Струга 2016“.

Манифестацијата која се отвора денеска, ќе трае до 4 мај во Струга. Симпозиумот е под покровителство на општината, а го организира Здружението за уметност и култура „Silindar’t“.

Уметниците-учесници од држави меѓу кои САД, Италија, Франција, Русија, Холандија, Белгија, Украина, Белорусија, Саудиска Арабија, Азербејџан, Тунис, Канада, Швајцарија, ќе имаат можност својата инспирација од убавините на Струга да ја преточат на платно.