Меѓународен фото-конкурс за климатските промени и заштита на озонската обвивка

Центарот за хидрометеоролошки услуги при Министерството за вонредни состојби на Република Узбекистан, Обединетите Нации и УНДП заеднички работат на проектот „Програма за зелен климатски фонд во Узбекистан”. Како резултат на нивната соработка, неодамна распишаа меѓународен фотоконкурс на кој може да се пријават професионални и аматерски фотографи.

Испратените фотографии треба да се фокусираат на темите:

  1. „Климатски промени во моите очи”
  2. „Озонската обвивка и јас”

Апликацијата треба да биде поднесена најдоцна до 15-ти август, 2017, 18:00 часот (Ташкент, GMT+5) на info@envcontest.uz. За детални информации, може да ја посетете ја веб-страната на Меѓународниот фотоконкурс.

Меѓународниот фото-конкурс е организиран за да се подигне јавната свест за прашањата околу климатските промени и заштитата на озонската обвивка и да се промовира внимателен став кон животната средина во целиот свет.

ПРАВИЛА

Секој учесник може да испрати само 1 фотографија за секоја категорија.

Фотографиите во категоријата „Климатски промени во моите очи” може да:

–       Покажуваат/ги оцртуваат знаците на климатските промени,

–       Прикажуваат мерки за адаптација на климатските промени,

–       Наведуваат мерки насочени кон ублажување на климатските промени, итн.

Фотографиите во категоријата „Озонската обвивка и јас” може да:

–       Покажуваат влијание на озонската обвивка врз животот во светот,

–       Демонстрираат мерки насочени кон заштита на озонската обвивка, итн.

Креативен пристап во откривањето на темите во секоја од овие категории е добредојден.

Секоја фотографија мора да биде придружена со прописно пополнет формулар за апликација на англиски јазик и да ги исполни барањата поставени во деловите „Барања за фотографии” и „Други барања” од формуларот за апликација. Формуларот за аплицирање може да се симне од веб-страницата на Меѓународниот фотоконкурс на следниот ЛИНК .

НАГРАДИ И СЕРТИФИКАТИ

Ќе има 6 победници на Меѓународниот фотоконкурс, кои ќе добијат награди од страна на организаторите.

Награди за првата категорија – „Климатски промени во моите очи”:

Прво место – фотоапарат;

Второ место – таблет компјутер;

Трето место – мобилен телефон.

Награди за втората категорија – „Озонската обвивка и јас”:

Прво место – фотоапарат;

Второ место – таблет компјутер;

Трето место – мобилен телефон.

Дополнително, еден победник во специјалната номинација „Жените и озонската обвивка” ќе добие награда подготвена од Истанбулскиот регионален центар на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Авторите на 20-те најдобри фотографии ќе добијат сертификати од страна на организаторите.