Меѓународен Ден на слободата на медиумите

Светскиот Ден на слободата на медиумите се одбележува секоја година на 3 мај, кој е воспоставен од Генералното собрание на ОН во 1993 година со цел да се поттикне слободата на изразување.

На овој ден во 1991 година е усвоена Декларација во Виндхок во Намибија, со која африканските новинари сакале да ги заштитат основните новинарски права и да придонесат за медиумски плурализам и независност.

Со воспоставување Светски ден на слободата на медиумите всушност се предупредува на тоа дека оваа слобода постојано е оневозможувана во земјите ширум светот. Текстовите се цензурирани, а новинарите, уредниците и издавачите се напаѓани, затворани и убивани.

Според податоците на организацијата Репортери без граници, досега во текот на оваа година во светот се убиени 24 новинари, а 158 се уапсени.

Извор: МИА