Марш со гас маски викендов против загадувањето

Во сабота (21 декември) во 12 часот,  на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи Марш со гас маски против загадувањето во Скопје.

Марш со маски

Организатор на протестот е здружението „Биди зелен“, од каде укажуват дека главни извори на загадувањето се фабриките кои не работат во согласност со А интегрираната еколошка дозвола, домаќинствата кои се загреваат со несоодветни материјали, старите автомобили, интензивираните градежни активности.

„Најзначителен пораст во последните неколку години во Македонија има увозот на старите автомобили. Дали ние сме свесни колкаво загадување предизвикуваат овие автомобили? Во Македонија од 1993 до денес се увезени 135000 нови автомобили, а 170000 половни автомобили се увезени за 3 години откако се дозволи увоз на автомобили во РМ со стандард ЕУРО2 што значи автомобили произведени 1996 – 2000 година. Во ЕУ од 1 јануари стапува на сила стандардот ЕУРО6, а во Германија од 1 јануари 2014 е забрането возење автомобил со стандард ЕУРО 3.“

Од „Биди Зелен“  укажуваат дека Скопје во најголемата гужва во раните утрински часови и на крајот на работното време е констатирано дека 4 од 5 автомобили се управувани од едно лице.

„Излезете на маршот за загадување! Се работи за нашето здравје!“, повикуваат од „Биди зелен“.