Малезија поради смог ги затвори училиштата на два дена

Малезија ги затвори училиштата на два дена поради смогот предизвикан од чадот во шумата која гори во соседна Индонезија. Поради загадениот воздух на неколку часа бил затворен и аеродромот, а и е откажан и популарниот маратон кој се одржува во Малезија.

Два дена ќе бидат затворени околу  7 000 училишта во Малезија. За смогот малезиските власти ги обвинуваат Индонезија и неспособната власт која не успеала да ги спречи компаниите, кои ги поседуваат големите плантажи, нелегално да ги палат шумите за просторот да се ослободи за садење нови дрва.

Шумските пожари кои предизвикуваат загадување се случуваат секоја година, уште од почетокот на минатиот век. Маглата која речиси еден месец е присутна во Малезија и Сингапур, освен во областите во Индонезија за првпат се прошири и на Тајланд.

Најмалку пет области во Малезија пријавиле „многу нездраво“ ниво на загаден воздух, а во една област нивото на загадување е пријавено како „опасно“.  Поради лошата видливост вчера неколку аеродроми биле затворени, а популарниот маратон во главниот град на Малзеија, Куала Лумпур, е откжан.

Премиерот на Малезија, Наџиб Разак побара од Индонезија да преземе акција против  компаниите одговорни за нелегално палење на пожари поради кои целиот регион е обвиен во чад.

„Само Индонезија може да собере докажи и да ги обвини виновните компании,“  малезискиот премиер.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо пак минатата недела изјавил  дека тоа е проблем кој не може брзо да се реши. Претседателот најавил строги казни за оние кои се занимаваат со палење, но изјавил дека на неговата влада и треба период од три години да го реши проблемот.

Малезиската метереолошка служба предвидува дека смогот ќе се расчисти од сабота, кога започнува сезоната на монсуните.

Извор: Novimagazin.rs