Макро фотографии на месојадни растенија

Фотографот Joni Niemelä се посветил на создавањето импресивни макро фотографии во природата, а негова опсесија во последниот период се месојадните растенија од фамилијата Drosera. Тие се познати и како „Sundew“, име кое асоцира на капките роса што наутро се појавуваат на растенијата. Припаѓаат на најголемиот род месојадни растенија, вклучувајќи повеќе од 194 видови кои фотографот со своите макро фотографии успева да ги долови во различни ситуации, најчесто предизвикувајќи кај гледачот чувство дека растението е навистина гладно.

Joni Niemelä своите дела редовно ги објавува на  Instagram  и Facebook.