„Визија“ во топ 10 на листата на британскиот музички сајт „Emerging Indie Bands”

Македонскиот бенд „Визија“ се најде во првите десет на листата на најдобри бендови на британскиот музички сајт „Emerging Indie Bands“. Листата која се состои од 90 најдобри бендови од сите делови на светот, „Визија“ е на седмото место и еден од ретките бендови од регионот кои се најдоа на оваа листа.

Во топ 10 се најдоа и бендови од Шведска, Соединетите Американски Држави, Англија, Австралија и Хрватска.

Бендот „Визија“ е формиран во 2011 година во Скопје од членовите: Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ. Во своето тригодишно постоење веќе имаат постигнато неколку поголеми успеси во и надвор од Македонија.