Мајкрософт плати 10 000 долари откако Windows 10 успори компјутер на нивен корисник

Мајкрософт плати 10 000 долари на корисничка бидејќи Windows 10 го направил нејзиниот компјутер бавен. Овој потег доаѓа откако Мајкрософт беше критикуван поради агресивната кампања за ажурирање.

Тери Голдстајн е жената која доби 10 000 долари од компанијата откако судот пресуди во нејзина корист. Голдстајн тврдеше дека неколку дена откако го инсталирала Window 10 нејзиниот компјутер симнал надградби без нејзино знаење, по што често се успорувал и се исклучувал.

Поради овој проблем таа потрошила пари и морала да купи нов компјутер.

Неодамна, Мајкрософт започна агресивна кампања за воведување на нови надградби, вклучително и „препорачаните“ ажурирања за корисниците на Windows 10, 7 и 8. Тие се уште мора да ја одобрат инсталацијата,но сега е полесно да симнат нешто што тие не го сакаат.

Мајкрософт, пак, вели дека корисниците имаат еден месец за да се вратат на нивните претходни оперативни системи и дека секогаш можат да ја контактираат службата за поддршка на корисниците. Но, тоа нема да го запре известувањето „Upgrade to Windows 10“, кое постојано се појавува на екраните.