Лути родители, битка за директорско место – нови превирања во ОУ„11 Октомври“

Родители на ученици од основното  училиште „11 Октомври“ во општина Центар денеска побараа да си замине директорката Даниела Костадиновска која беше разрешена по случајот со стотина затруени ученици, на почетокот на учебната година. По настанот, Општина Центар на оваа фукција го назначи Васко Лазаревски, како за в.д директор.

За Лазаревска, нејзиното разрешување, со образложение дека ги занемарила своите законски обврски. е незаконско.

„Против решението на градоначалникот, доставив жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Одговорот на жалбата го добив на 26.10.2015 во кое пишува дека жалбата се уважува“, рече директорката пред родителите.

Новиот в.д. директор Васко Лазаревски пак смета дека документацијата на Костадинова е невалидна, односно дека сега тој е директор на „11 октомври“.

„Вработените се збунети, но од наставничкиот совет денес и претставниците на општина Центар е потврдено дека в.д. директор сум јас“, рече Лазаревски.

Родителите пак побараа Костадиновска итно да си замине за училиштето, за како што велат, тоа да почне нормално да функционира.