Луѓето кои одат на концерти во живо се посреќни, тврди науката

Ново истражување тврди дека комбинацијата од музика во живо и заедницата која се создава на концертите ги прави искуства кои влијаат долготрајно на нашата среќа. Истражувачи од Австралија откриле дека луѓето кои имаат навика да посетуваат музички настани имаат повисоки нивоа на субјективна добросостојба.

Професорите на Универзитетот Дикин, Мелиса Винберг и Доун Џозеф, пишуваат дека Австралијците кои учествувале во музички настани на кои „се формира заедница“, имаат повишени нивоа на севкупно задоволство во животот.

Истражувањето било спроведено на 1000 Австралијци со просечна возраст од 56 години, преку телефон, во 2014 година. Од субјектите било побарано да одговорат на прашања во однос на нивните нивоа на задоволство поврзани со здравјето, достигнувањата во животот, врските итн, како и нивните начини и нивоа на поврзаност со музиката. Требало да одговорат со оценка од 0 до 10 или да/не одговор.

Истражувачите јавуваат дека „тоталните оценки за добросостојба се значително повисоки за луѓето кои јавуваат дека танцуваат или посетуваат музички настани“, во споредба со луѓето кои не го прават тоа.

Врската меѓу музичките настапи во живо и танцувањето е јасна – нивната врска интригантно ги сврзува во едно слободата на уметност, израз и самозадоволство, и поради тоа, зголемена среќа, тврдат истражувачите. Музиката во живо универзално ги намалува нивоата на стрес, ги зголемува социјалните врски додека ги намалува нивоата на болка. Веројатно и тоа е причината поради која оваа ритуалистичка пракса трае толку долго, пишува во истражувањето.