Look Up Mumbai – изложба на која посетителите ја доживуваат градската архитектура лежејќи

Во разговор за Tedx во 2013 година, уметницата и професорка на University of NSW, Sarrah Kenderdine зборувала за заканите со кои се соочува културното наследство низ светот, од политички мотивираното уништување до климатските промени и масовниот туризам.

„Мора да најдеме стратегии кои не само што ќе го зачуваат нашето наследство, туку и ќе овозможат неговите приказни да бидат повторно пронајдени и измислени“, рекла. „Ова е и уметнички и технички предизвик“.

Изложбата Look Up Mumbai во која Kenderdine е соработник, е специфична инсталација која ќе биде отворена во Chhatrapati Shivaji Maharaj Vastu Sangrahalaya музејот во Мумбаи. Оваа изложба ја слави спектакуларната архитектурна хетерогеност на индискиот град.

Посетителите треба да легнат во 3D Dome лабораторијата, која има најголема резолуција од сите лаборатории од ваков вид, да погледнат нагоре и да ги доживеат 65-те слики со „рибјо око“ ефект, на кои има некои од најзначајните згради во Мумбаи кои се културно наследство.

Извор: Guardian