„Љубовници“ е темата на новото издание на „ПичПрич“

Второто издание на „ПичПрич“, или вечер посветена на раскажување женски приказни, годинава ќе се одржи на 8ми март, на Денот на жената. Настанот е дел од промотивните активности за фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, кој е поддржан од Европската Унија.

Тема овој пат е „Љубовници“, а досега најавени говорнички и говорник се: Беса Арифи, универзитетска професорка и колумнистка, Светлана Камџијаш, професорка по философија и авторка, Биљана Гинова, феминистка и активистка за човекови права, Илинка Митрева, професорка по француска книжевност и поранешна министерка за надворешни работи и писателот Петар Андоновски.

Модераторки за време на настанот се Ана Василева и Румена Бужаровска.

Раскажувачката вечер ќе се одржи во кино Фросина, при Младинскиот културен центар, со почеток од 21 часот. Влезот е слободен.

По настанот следува забава во фоајето со Ненад Тонкин.

„ПичПрич“ се реализира целосно на волонтерска основа од страна на креативниот тим и учесничките.