Леќите во иднина ќе служат и како електронски екрани

Оптичките леќи-помагала за гледање во иднина ќе можат да служат и за пребарување на интернет и мониторинг на здравјето.

Научници пронашле нов концепт за преработка на леќите со спроводлива полимерна тврда обвивка која може да ги трансформира во „мали компјутери“.

Тим од Future Industries институтот на Универзитетот на Јужна Австралија објави истражување во кое детално е опишана употребата на хидрофилни органски електроди (спроводници компатибилни со вода) кај флексибилните леќи. Истражувачот и професор Drew Evans вели дека корисниците можат на леќите да поврзат сензор за мерење на нивоата на глукоза или за создавање на електронски екрани на самите леки.

„Трикот е да се обезбеди енергија до екранот на леќата. Возбудени сме од напредокот на други истражувачи кој покажа дека можат да се користат солзи за да се напојат посебни батерии. Има можност оваа употреба да се модифицира за нашата спроводлива обвивка“, вели Evans за Mashable.

Леќите кои можат да служат и како екрани би можеле да бидат голем напредок за технологијата за виртуелна реалност и индустријата на паметни очила.

Истражувањето било инспирирано од сѐ поголемата популарност и напредок на биокомпатибилната технологија која може да се носи на самото човечко тело, како паметните часовници или пумпите за срце.

Овие леќи би биле еден чекор понапред од паметните леќи кои Google ги патентираше и започна да ги произведува во 2014 година, а кои го мерат нивото на шеќер во крвта.