„Легализација на канабис, да или не?“ – научна расправа на Правниот факултет

На научно-наставничкиот совет при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на 12 октомври во 12 часот ќе се оддржи научна расправа на темата „Легализација на канабис, да или не?“.

Расправата со поздравен говор ке ја отвори Никола Тупанчевски, редовен професор по Казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и претседател на Здружението на млади кривичари. Прв предавач ќе биде адвокат Јанаки Митровски кој ќе даде историски осврт на казнената легислатива поврзана со канабисот во РМ.

Втор предавач ке биде судија Владимир Туфегџиќ, судија при Основниот суд Скопје 1 Скопје кој ќе говори за дилемите низ судската пракса. Трет предавач ќе биде Ленче Ристоска Јавен Обвинител при СЈО која ќе ги предочи своите дилеми околу легализацијата на канабисот во Македонија и можните ризици. Панел расправата ќе биде заокружена со излагања на Александра Деаноска, вонреден професор на „Јустинијан Први“ по предметот Казнено право и Драгана Кипријановска кои ќе ја посочат потребата од измена во наркоинкриминациите.

Настанот е во организација на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“- Скопје и Здружението на млади кривичари.