„КупиКнига.мк“ ја објави листата со најпродавани книги во 2014 година

Светскиот бестселер „Светот не е фабрика за исполнување желби“, кој доби и екранизација, е најпродавана книга во Македонија во 2014 година на електронската книжарница „КупиКнига“, агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во земјава и регионот.

Како што соопштија од „КупиКнига“, лани најчесто се купувало белетристика (љубовни приказни и трилер) и бизнис-прирачници.

Ова е листата на 20 најпродавани книги на електронската книжерница:

1. Светот не е фабрика за исполнување желби – Џон Грин
2. Се гледаме на врвот – Коста Петров
3. Тајната на сопругот – Лиен Мориарти
4. Нашето последно кафе – Коста Петров
5. Јас и ти – Кристан Хигинс
6. Последната пролет во Париз – Јелена Бачиќ Алимпиќ
7. Рингишпил – Јелена Бачиќ Алимпиќ
8. На една свадба – Џули Џејмс
9. Во врска со онаа ноќ – Џули Џејмс
10. Дете 44 – Том Роб Смит
11. Само пријатели – Колин Хувер
12. Белешките на Лајла Грејс – Марија Јаневска
13. Ќерката на математичарот – Венко Андоновски
14. Во одбрана на Џејкоб – Вилијам Лендеј
15. Ангелски повик – Гијом Мисо
16. Како да ги унапредите своите преговарачки вештини – Д. Р. Гилберт
17. Прељуба – Пауло Коелјо
18. Сосед од пеколот – Р.Л. Метјусон
19. Дигитална тврдина – Ден Браун
20. Пакет: На една свадба + Во врска со онаа ноќ – Џули Џејмс