Кумановци преку петиција бараат ослободување на тротоарите од автомобили

Кумановци покренаа онлајн-петиција со цел да ги ослободат тротоарите од паркираните автомобили. На онлајн платформата за петиции е поставена иницијативата „Стоп за паркирање на тротоари“, а на Фејсбук веќе постои страницата „Кумановски ѕид на срамот“ каде низ фотографии се споделуваат секојдневните проблеми на граѓаните.

Причината поради која ги формирале велат, е за да ја подигнат свеста за сообраќајната култура кај возачите, а воедно и да ги поттикнат надлежните во Куманово да преземат мерки и да ги казнат оние што не го почитуваат законот.

Тие ги охрабруваат своите сограѓани да им испраќаат фотографии и видеа од прекршоци во сообраќајот.