Кривични пријави за битолчаните поради мачењето на заштитениот вид орел

СВР Битола поднесе кривична пријава против битолчаните Н.С. (40) и Г.М. (39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

40-годишниот кон крајот на септември, или на почетокот на октомври 2016 година, на засега непознат начин, уловил птица – златен сури орел и го однел во дворот на семејната куќа, каде го врзал со јаже и со тоа го изложил на непотребни маки и му нанел болки. Наредниот ден, двајцата пријавени му ги рашириле крилјата на орелот и се фотографирале со него, за подоцна сликите да ги објават на Фејбук, се вели во билтенот на МВР.

Овој случај беше проследен со бурни реакции во јавноста, а од Организацијата Macedonian owl trust реагираа бидејќи станува збор за редок вид на орел, кој е заштитен со закон.