Кривична пријава против организаторите на „Контра геј парадата“

Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и Хелсиншкиот комитет поднеле пријава до Министерството за внатрешни работи за поттикнување на дискриминација и насилство, против неидентификуваните организатори на „Контра геј-парада“.

„Очекуваме од МВР да ги преземе сите неопходни мерки за заштита од насилство, дискриминација и ширење омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, и да овозможи мирно и непречено одвивање на планираните активности во „Неделата на гордоста“соопштуваат од Коалицијата.

Тие ја повикуваат и Македонската православна црква да се огради од овој настан, и да ја спречи злоупотребата на верските храмови за активности кои вклучуваат ширење на омраза и нетолеранција.

На социјалните мрежи се појави информација дека во сабота ќе се одржи „Контра геј-парада“од пред Соборниот храм во Скопје, која ќе продолжи „кон собранието а потоа кон плоштадот „Македонија“ – Скопје.

Коалицијата реагира дека не организирано одржување на никаква геј-парада, туку започнува „Неделата на гордоста“, во чии рамки ќе бидат одржани повеќе настани, но ниту еден од нив не предвидува јавен марш.

Извор: Нова ТВ