Креаторот на глобалната мрежа, сер Тим Бернерс-Ли, повикува на остри мерки против лажните вести

Пронаоѓачот на World Wide Web, Сер Тим Бернерс-Ли, изјави дека влијанието на лажните вести е се повеќе загрижувачки и обелодени планови за справување со „неетичкото” политичко рекламирање и собирање на податоци.

Британскиот компјутерски научник рече дека точно 28 години по неговиот изум, три нови трендови станаа алармантни во минатата година.

Во отворено писмо, 61-годишниот рече дека злоупотребата на податоци создаде „застрашувачки ефект врз слободата на говорот” и предупреди на „слепите точки на интернетот” кои ја корумпираат демократијата.

Еден проблем, истакна тој, е дека повеќето луѓе ги наоѓаат вестите и информациите преку „група“ на социјални сајтови на медиуми и интернет пребарувачи, кои се платени кога некој ќе кликне на линкот.

„Крајниот резултат е дека овие сајтови ни ја покажуваат содржината што мислат дека ние ќе ја кликнеме – што значи дека дезинформацијата, или лажните вести, иако е изненадувачки, или шокантно, може да се шират како шумски пожар”, рече тој.

„Преку употреба на научни податоци и армија на ботови, оние со лоши намери може да играат со системот за да шират дезинформации за финансиска и политичка корист.”

Компании и влади користат широко распространета база на податоци за да ги „газат нашите права”, што доведе до уапсени и убиени блогери, од страна на репресивни режими, додаде Сер Тим.

„Но, дури и во земјите каде што се смета дека владите имаат најдобар интерес за граѓаните, постојаното гледање на сите едноставно оди предалеку”, пишува тој.

„Тоа создава лош ефект врз слободата на говорот и ја запира употребата на интернетот како простор да се истражуваат важни теми, како што се чувствителни здравствени проблеми, сексуалноста или религија.”

Сер Тим, исто така, ги критикуваше политичарите за таргетирање на гласачите користејќи софистицирани алгоритми за да се прилагодат пораките до оние што ќе ги одобрат.

„Целното рекламирање овозможува кампањата да кажува сосема поинакви, конфликтни нешта за различни групи. Дали е тоа демократски? “, рече тој.

Сер Тим ги повика луѓето да бараат подобри закони за заштита, а Гугл и Фејсбук да ги зголемат своите напори за справување со лажни вести.

Тој рече дека „слепата точка на интернетот” во политичката кампања треба да се затвори, додека алтернативните извори на приходи мора да бидат истражени така што податоците нема да се продаваат на секого.

Тој планира Фондацијата Веб, која тој ја основал во 2009 година, да работи на овие прашања во стратегија за пет години.

„Од сите нас зависеше за да се изгради овој веб што го имаме, а сега зависи од сите нас да го изградиме вебот што го сакаме – за сите нас“.