Kreator на 23 јануари ќе „грмат“ во МКЦ

По 10 години, германскиот треш метал бенд „Kreator“ повторно доаѓа во Скопје во склоп на вториот дел од европската турнеја, за да го промовираат својот последен албум „Gods of Violence!“. Поддршка ќе имаат од „Vader I Dagoba“, а организаторите „Terrorvoid Promotions“ настанот го најавуваат како „најмасивниот метал концерт до сега во Македонија“.

„Ова е најава за масивно мрсен концерт! Или со зборовите на Петроза: ‘Хорди’! Не ја пропуштајте оваа ноќ на апсолутна агресија на нашата втора европска тура за Gods of Violence!’“, се вели во најавата за концертот.

Првите 200 карти ке бидат по промотивна цена од 1000 денари. После тоа карта ке биде 1200 денари. На врата 1500.

Инаку, со овој концерт „Terrorvoid Promotions“ одбележуваат и 10-годишнина од своето постоење.