Креативна младинска акција: Кој се плаши од молкот лош 2

На 17 мај, со почеток во 12 часот, во Дом на АРМ ќе се одржи целодневен настан од проектот „Креативна младинска акција“ на студентската организација „Излез“.

KOJ SE PLASHI OD MOLKOT LOSH 2 - COVER PHOTO

На настанот,  освен  претставувањето на производите изработени од страна на учесниците во петте работилници (креативно пишување, илустрација, фотографија, филм и перформанс/театар), ќе бидат претставени и производи од други индивидуалци, групи и организации, кои се вклучија во овој настан со цел да се сопре традицијата на долгогодишната критика насочена кон молкот на младите.

Програмата вклучува: детско катче со изложба, перформанс и работилница; работилници за млади; студентско ќоше; изложба на фотографии и на постери; работилница за креативно пишување; сценски и улични перформанси; проекција на кратки филмови; базар на рачни изработки и многу музика.

„Проектот „Креативна младинска акција“  ја идентификува потребата кај младите за простор каде што ќе можат креативно да се изразат и да ги искажат своите ставови и размислувања.  Низ седуммесечните работилници, успеавме да најдеме простор и начин како да го победиме молкот. Дојдете и вие заедно да ја раскажеме прикаската „Кој се плаши од молкот лош?“, велат од „Излез“.

За повеќе информации, посетете ја страницата на настанот на „Фејсбук“.