Корисник конечно вратил во библиотека книга позајмена во 1948 година

Јавната библиотека на Окленд, во Нов Зеланд на својот Фејсбук профил сподели слика од книга која конечно била вратена назад, 67 години по рокот за враќање.


Книгата „Митови и легенди на Маориленд“ (Myths and Legends of Maoriland ), требало да биде вратена во библиотеката до 17 декември, 1948 година. Сепак, од библиотеката велат дека жената, која за време на позајмувањето на книгата била дете, се преселила надвор од Окленд и книгата ја понела со себе.

Книгата е вратена во добра состојба, па библиотеката одлучила да се откаже од наплата за 67 изминати години.

„Ние сме задоволни што ја имаме книгата назад и што ја слушнавме оваа кул приказна”, пишуваат од библиотеката.

Според Јаху, ако се пресмета инфлацијата, за позајмената книга и задоцнетото враќање корисничката би требало да плати околу 5,079 американски долари.

Приказната, забележуваат локалните медиуми, ја предизвикало свеста и на други корисници кои забораваат да ги вратат книгите позајмени од библиотека.