Контра кадар Скопје – Дискусија и проекција на филмот „Исцелител“

Утре (12 февруари), во 20 часот во кино „Култура“, Контра кадар – Скопје ја започнува годинашната програма со проекција и дискусија за еден од нашите најуспешни филмови „Исцелител“.

„Исцелител“ изминатата година доби вртоглави рецензии и коментари, почнувајќи од рецензијата на Jessica Kiang во Variety по проекцијата во Талин, па се до последата главна награда на филмскиот фестивал во Санта Барбара, Калифорнија.

Исцелител е филм за страдалното патешествие на еден татко и син. Синот, чија плата доцни со месеци, очајно пробува да најде пари за да продолжи да ги купува се поскапите лекови за неговиот татко кој е има напредна фаза на канцер. Покрај ваквов опис, кој може да да го престави „Исцелител“ како крајно депресивен и мрачен филм, сценаристичките вештини на авторот на филмот Ѓорче Ставрески го оформуваат во еден траги-комичен филм кој многу вешто жонглира со темнината и светлината во оваа приказна. Со таа игра помеѓу болното и трагичното и лесното и комичното преставено преку ликовите на Веле, Саздо и Џем, филмот ја понесува публиката на еден емотивен ролеркостер, за чие искуство долго ќе се зборува.

На проекцијата ќе биде и режисерот и сценарист на филмот, Ѓорче Ставрески со кој ќе се води отворен разговор за неговото искуство создавајќи го „Исцелител“ и за неговите идни планови и се друго што вам ќе ви дојде на памет.

Влезот е слободен.