Конкурси на МОН за стипендии на средношколци – деца без родители и ученици во угостителско – туристичката струка

Министерството за образование објави конкурс за 80 стипендии за ученици – деца без родители, од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, како и 15 стипендии за средношколци кои реализираат наставни програми од угостителско – туристичката струка за учебната 2017/2018 година.

Висината на стипендиите за учениците – деца без родители изнесува 2750 денари месечно, за девет месеци во текот на учебната година. Додека стипендијата за учениците кои реализираат наставни програми од угостителско – туристичката струка ќе изнесува 2.200,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Детали за условите, начинот, местото и рокот за пријавување на учениците – деца без родители може да ги најдете на следниов ЛИНК, додека за учениците во угостителско – туристичката струка може да ги најдете ЛИНК.

Конечниот список со избраните кандидати ќе бидe објавен на 01.12.2017 година на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk.