Конкурс за уметничко дело на тема „Волонтери за социјално вклучување“

Finance Think – Институтот за економски истражувања и политики, Скопје и Центарот за детска и семејна заштита КМОП, Атина, во склоп на проектот: „Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд“, финансиран од Европска Унија, распишуваат конкурс за уметничко дело на тема „Волонтери за социјално вклучување“.

Темата на конкурсот се однесува на проблемите со кои социјално ранливите лица се соочуваат во општеството и ги опфаќа, но не е неопходно ограничена на следните поттеми:

– Проблеми на социјално ранливите лица при пристапот на пазарот на труд  Разлики во можностите и пристапот до услуги (образование, здравство)

– Стереотипи во општеството за оваа категорија граѓани

– Начини за решавање на проблемите со кои се соочуваат овие лица

Правила на конкурсот:

1. Поднесокот може да биде во било која уметничка форма (на пример, цртеж, стрип, фотографија, песна, расказ, макета, и слично).

2. Право на учество на конкурсот имаат сите лица државјани на Република Македонија.

3. Поднесокот треба да биде оригинален, со силен израз и порака која ја отсликува темата на конкурсот.

4. Сите поднесоци ќе бидат изложени на пет уметнички изложби, во периодот декември 2016 – февруари 2017 година. Фонд на конкурсот

5. Институтот располага со вкупен фонд од 18.000 денари кои ќе ги распореди на три поднесоци, без нивно рангирање. Трите наградени поднесоци ќе добијат вредносен ваучер од 6000 денари, што ќе може да го искористат за набавка на техничка опрема по избор од Нептун Македонија.

6. Конкурсот ќе се смета за успешен ако пристигнат најмалку три поднесоци. Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд Референтен број 12-9137/1 ПРОЕКТОТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКА УНИЈА Инструмент на Европска Унија за Пред-пристапна помош – ИПА Проектот е финансиран од Европска Унија Рок за поднесување и одлучување

7. Поднесокот треба да се достави во тврда (физичка) форма, најдоцна до 30 ноември 2016 година, исклучиво на адресата на Институтот: ул. Фредерик Шопен ½, 1000 Скопје, со назнака: „За конкурс“.

8. Заедно со поднесокот, лицето треба да достави и податоци за идентификација и контакт.

9. Пристигнатите поднесоци ќе бидат разгледани од комисија од Институтот и донаторот. Комисијата ќе ја цени уметничката допадливост, оригиналноста и иновативноста на идејата што ја пренесува поднесокот. 10. Победниците ќе бидат избрани најдоцна до денот на одржување на финалната конференција на проектот, кон крајот на јуни 2017, кадешто поднесоците ќе бидат повторно изложени.