Конкурс за стипендии за студирање во Франција

Француската влада распиша повик за стипендии за едногодишни студии, за ниво на мастер или докторат. Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, а приоритет ќе им биде даден на студиите на ниво Мастер 2 и на видовите на студии кои не постојат или се недоволно развиени во земјава.

Кандидатите треба да презентираат потврда дека конкурирале или дека оствариле контакт со француски универзитет. Стипендијата се активира по добивањето на официјален документ за прием.

Напомена: Барања за студии на приватни универзитети во Франција нема да бидат разгледувани.

Потребни документи за пријавување:

Пополнето барање за стипендија;

– Потврда дека кандидатот конкурирал на Мастер или Докторат;

– Копија од диплома и уверение за положени испити со заверен судски превод на француски јазик;

– Две препораки од професори;

– Писмо за мотивација во кое кандидатот треба да ги изнесе своите видувања за начинот и конкретната примена на здобиените знаења од студирањето, после враќањето во земјата;

– Потврда за познавање на францускиот јазик;

– Една фотографија

Некомплетните барања нема да бидат разгледувани.

По извршената претселекција врз основа на документите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор.

Целосната документација во вкупно три истоветни примероци од кои два на француски и еден на македонски јазик, треба да биде доставена во предвидениот рок во Одделот на КампусФранс, на адресата дадена подолу. Ниеден друг документ нема да биде примен после тој датум (освен потврдата за дефинитивниот прием).

За сите дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат во:

Одделот на КампусФранс во Францускиот институт

Градски ѕид, блок 5, П. Фах 388, 1000 Скопје

Тел: 02 / 3129 288

 

Извор