Конкурс за најинспиративна спортска фотографија

Здружението за унапредување на меѓусебната доверба ТАКТ, кое се залага за поголемо вклучување на девојки и жени во спорт и родова еднаквост во спортот, објави конкурс за наjинспиративна спортска фотографија. Целта на овој конкурс е преку фотографија да инспирираат и поттикнат поголем број девојки да се вклучат во спортско-рекреативни активности.

Конкурсот е отворен за сите жители на Република Македонија. Еден автор може да објави неограничен број на фотографии. Фотографиите треба да бидат лично дело на објавувачот и нема да биде дозволено преземање фотографии од интернет. Не е задолжително фотографиите да бидат изведени со професионален апарат, дозволено е аплицирање со фотографии направени од телефон или друго. Истите треба да бидат јавно објавени (public) на Facebook или Instagram со хаштаг #ДевојкиКакоНас и #ТАКТ. На крајот на кампањата ТАКТ ќе објави фото албум со сите пристигнати фотографии.

Првите три фотографии кои ќе бидат избрани како најдобри, ќе добијат парични награди, а од најдобрите 10 ќе бидат изложени. Конкурсот трае до 20 март, 2018 година.