Конкурс за филмска критика на „Синедејс“

Како и минатите години, така и оваа година, во рамките на фестивалот „Синедејс“ е објавен конкурсот за филмска критика.

Конкурсот е од отворен карактер, а пред сè е наменет нa оние што би сакале да го прикажат својот неоткриен потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз, а се до 35-годишна возраст.

Текстовите не би требало да се подолги од една страница, односно повеќе од 70-тина реда текст, а секој од пријавените може да испрати максимум до 3 текста.

Наградите за трите најдобри филмски критики ќе ја додели тричлено жири, а секоја од нив ќе изнесува:

12.000 денари за првонаградената;

9.000 денари за второнаградената, и

6.000 денари за третонаградената критика.

Конкурсот важи само за филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот – Официјалната селекција и селекцијата CineBalkan, за чии проекции кандидатите на конкурсот ќе добијат бесплатни влезници.

Бројот на учесници на конкурсот е ограничен.

За пријавување, потребно е да се испрати електронска порака на contact@cinedays.com.mk, најдоцна до 9 ноември 2017 година во 12:00 часот.