Конкурс за биофотографија на тема „Магијата на габите“

Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) го објавува седмиот по ред конкурс за биофотографија е официјално отворен со тема: ,,Магијата на габите”

И оваа година конкурсот е тематски, односно како главен мотив на делата треба да бидат видови на габи кои се сретнуваат во нашата земја.

Фотографиите се испраќаат исклучиво на официјалниот мејл на конкурсот: biofotokonkurs@gmail.com.

Правила

Габата/Габите во фотографијата треба да се фотографирани во природна (нормална) состојба. Фотографии кои се сценирани или со вештачка сценографија како и оние каде габите се надвор од нивното природно станиште нема да земат учество на конкурсот.

– На секоја испратена фотографија мора да стои воден печат со името или симболот на авторот.

– Заедно со фотографиите се испраќаат и податоци (генералии за авторот).

– Бројот на испратени фотографии од еден автор е ограничен на две фотографии.

– Фотографијата не смее претходно да биде наградувана или објавувана.

– Организаторот го задржува праватото да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија.

– Делата кои не ги исполнуваат условите нема да бидат објавувани.

– Делата кои ќе добијат гласови прекy ткн. Like-генератори на FB ќе бидат дисквалификувани.

– Право на учество имаат сите без разлика на: возраст, пол, националност и верска припадност.