Конкурс за биофотографија на тема „Крилјата над Македонија“

Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), го објавува шестиот конкурс за биофотографија на тема „Крилјата над Македонија“.

Како главен мотив на делата треба да бидат видови на птици кои се сретнуваат во нашата земја.

Право на учество имаат сите без разлика на возраст, пол, националност и верска припадност. На секоја испратена фотографија мора да стои воден печат со името или симболот на авторот.

Заедно со фотографиите се испраќаат и личните податоци за авторот кој може да испрати најмногу две фотографии што претходно не биле наградувани или објавувани.

Организаторите потенцираат субјектот или појавата во фотографијата треба да се фотографирани во природна (нормална) состојба. Сценирани или фотографии со вештачка сценографија, нема да влезат во изборот за конкурсот.

Организаторот го задржува правото да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија, а оние дела кои не ги исполнуваат условите или ќе добијат гласови прекy т.н. Like-генератори на FB ќе бидат дисквалификувани.

Фотографиите треба да се пријават на e-mail адресата biofotokonkurs@gmail.com по што ќе бидат поставени на ФБ страницата.