Конкурс за аплицирање за платени стручни пракси во странство на ИАЕСТЕ

Студентската организација ИАЕСТЕ Македонија го распишува Надворешниот Конкурс 2017 за аплицирање на платени стручни пракси во странство.
Секој студент од техничките факултети, при државните универзитети има можност да конкурира и да биде прифатен за една од 46-те најразлични пракси ширум светот. Првиот круг на конурирање ќе трае од 20.02.2017 (понеделник) до 03.03.2017 (петок).
По електронското пријавување, документите може да се достават во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија, секој работен ден од 12 до 14 часот. Сите детали во врска со аплицирањето на пракса, потребните документи, како и самите пракси може да се разгледаат на следниов линк. За новости поврзани со конкурсот, информации можат да се најдат на официјалната фејсбук страна.
За повеќе информации во врска со ИАЕСТЕ праксите, начинот на аплицирање и сите детали за потенцијалните пракси, заинтересираните можат да бидат дел од Информативниот Состанок кој ќе се одржи на 27.02.2017 (понеделник) во 18:30 часот во просториите на ФЕИТ/МФС.