Конференција за информатика и информатички технологии – CIIT 2017

Во периодот 7 до 9 април 2017 година ќе се одржи 14-тата Конференција за информатика и информатички технологии – CIIT 2017, во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Во рамки на Конференцијата ќе се одржи специјална студентска сесија на која ќе бидат презентирани најдобрите студентски трудови и проекти кои ќе бидат одбрани од комисијата за студентски проекти“, информираат од ФИНКИ.

Дополнителни информации се достапни на веб-локацијата на конференцијата.