Концертна промоција на вториот албум „Indian summer“ на „June“

Бендот „June“ во понеделник (22 декември ) најавува концертна промоција на вториот албум „INDIAN SUMMER“ која ќе се одржи во кафе-барот  Soulmatik  со почеток во 21 часот.

Албумот на кој се наоѓаат 10 песни е снимен, миксан и мастериран со Ивица Јанкуловски во „marryPhat Studio“,  а продуциран од Кристијан Евго и Филип Арсов.

Членови на „June“ се Бојана Низамовска – вокал, акустична гитара, Филип Арсов – акустична гитара, електрична гитара, придружни вокали, Данчо Поповски – бас и Анте Гулин – тапани, усна хармоника , придружни вокали.

ANG_7890

Гости на вториот албун на „June“ се Кристијан Евго – акустична гитара, електрична гитара, придружни вокали, укулеле, Јане Трајковски – труба, Огнен Анастасовски – пиано, родес, хамонд, Александар Нинич – туба,  Ненад Тонкин – пиано, хармоника и Горан Муратовски – виолина.

Дизајнот го направи Кристијан Ристески – Кинџо. Албумот е 17. издание на Пасворд Продукција.

Промоцијата на „INDIAN SUMMER”, како што најавуваат од бендот,  ќе биде збогатена со настап на дел од гостите на албумот. Влезот е слободен.

„June“  е формиран во октомври 2010 година кога дава нова свежина на македонската музичка сцена преку свирење инди поп и американа, со доза на акустичен кантри поп. Досега настапувале на повеќе фестивали и концерти како Таксират 2010 со Nouvelle Vague, Егзит – 2011 , Здраво Млади – 2012, PIN Cоnference, како и многу помали концерти.

Нивниот прв албум „Someday soon“ (достапен за бесплатно преземање) излезе во јуни 2012.