Концерт напладне во Битола по повод Меѓународниот ден на џезот

Меѓународниот ден на џезот – 30 април, годинава во Битола ќе биде одбележан со концерт на Сашо Поповски трио. Настанот е во организација на Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб) во соработка со „Порта Џез“, со што Битола по четврти пат се вклучува во оваа глобална акција.

Концертот ќе се одржи во сабота, во кафе барот „Порта Џез“ во Битола, со почеток точно напладне. Влезот за оваа денска џез-журка е слободен.

Меѓународниот ден на џезот е воведен од УНЕСКО во 2011 година, со цел „да се слават доблестите на џезот како образовн алатка и како сила за мир, заедништво, дијалог и соработка меѓу луѓето“.