Концерт на унгарска џез група во „Сули ан“

Концерт на џез групата „Trio à la Kodály“ од Унгарија вечерва во 21 часот ќе се одржи на Факултет за ликовни уметности „Сули ан“. Изложбата е остварена во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија.

Овој концерт е дел од Програмата за одбележување 135 години од раѓањето и 50 години од смртта на Золтан Кодаљ.

Композиторот Золтан Кодаљ е роден во Кечкемет, Унгарија каде уште како дете учел да свири виолина.Тој е композитор, етномузиколог, педагог, лингвист и филозоф. Во 1905 година посетува села во Италија и започнува да собира и снима фолк песни и објавува тези за фолклорот во Унгарија. Тој е еден од најеминентните личности во унгарската академска средина каде едукативниот програм којшто го има создадено го има добиено називот „Кодалиев метод“. Во негова чест Кодали триото концертира и изведува композиции кои содржат елементи од творештвото на Кодаљ.