Концерт на студентскиот оркестар и хор на ФМУ во Скопје

Студентскиот оркестар и хор на Факултетот за музичка уметност во Скопје ќе се претстави со свој концерт, по повод денот на основањето.

Концертот ќе се одржи во среда (6 декември) во големата сала на Македонската филхармонија, со почеток од 20 часот.

Диригент е Сашо Татарчевски, а ќе бидат изведувани дела на Верди, Шуберт и Бородин.

Влезот е слободен.