Концерт на Клаус Легал и поетско читање во „Кула“

Утревечер (31 јули), во културниот центар „Кула“ ќе се одржи концерт на Клаус Легал, како и поетско читање на Кристоф Зибер.

Легал е познат по своите мини клавијатури и звучните ефекти што ги создава дур свири. Неговата музика говори за животот како сон или кошмар, а е под влијание на Suicide, DAF или Crash Course In Scıence .

Поезијата на Кристоф Зибер пак, според некои критичари е полна со неминовна вистина која ги остави читателите без здив.