Концерт на класична музика со гости од Италија вечерва во Музеј на Град Скопје

На Скопско лето вечер ќе гостуваат флејтистката Франческа Салвемини и пијанистката Силвана Либардо од Италија кои во Музеј на Град Скопје ќе одржат концерт насловен „Гласови на месечината“ (Voci di Luna).

Концертот е организиран во соработка со Интерфест Битола и на програмата ќе има композиции од Моцарт, Гершвин, Рота, Мориконе.

Дуото Voci di Luna е формирано во 1990 година и има одржано повеќе од 500 концерти во Италија и странство, со репертоар од барок до современа музика. Во 2007 тие снимиле ЦД со оригинални аранжмани на популарна музика на италијанската кинематографија.

Франческа Салвемини и Силвана Либардо имаат издадено музика за флејта и пијано, а одржуваат и мајсторски часови во Италија и надвор од земјата (САД, Јужна Америка).

Франческа Салвемини и Силвана Либардо имаат издадено музика за флејта и пијано, а одржуваат и мајсторски часови во Италија и надвор од земјата (САД, Јужна Америка).